Повеќето од нас користат компјутери на работа по осум или повеќе часа дневно. Службените компјутери ги носиме и дома, па неретко стануваат наши примарни уреди. Понекогаш ги користиме почесто од личните компјутери. Затоа треба да избегнувате да ги правите овие нешта на службените компјутери.
1. Чување лозинки
Многу компании имаат клаузула во врска со компјутерот и политиката на користење интернет, со што се чуваат лични лозинки.
Како што велат експертите, електронската пошта и другите електронски комуникации за пренос, опремата, системите и мрежите не се приватни или доверливи и се имот на компанијата. Затоа компанијата го задржува правото за тестирање, следење и регулирање на поштата и другите комуникации, датотеките и сите други содржини, вклучително и користењето интернет, кои се пренесуваат или се чуваат во технолошките системи, на самото место или надвор.
2. Чување лични податоци
Службениот компјутер не е ваш имот и ѝ припаѓа на компанијата. Ако нешто ѝ се случи на компанијата или престанете да работите за неа, стандардната политика е веднаш да ја напуштите вашата канцеларија. Најверојатно нема да имате време да ги отстраните датотеките. Наместо тоа, би било подобро да имате УСБ за складирање на личните податоци.
3. Поврзување на Wi-Fi додека работите на чувствителен материјал
Местата што нудат бесплатен Wi-Fi, како што се барови, аеродроми или хотели, може да не се безбедни.
- Не отворајте електронска пошта, банкарски сметки и не проверувајте состојба на кредитната картичка кога сте поврзани на јавна Wi-Fi мрежа бидејќи хакерите можат да постават лажни мрежи кои изгледаат како вистински, но не се - вели експертот за измами Франк Абагнејл.
Фото: Pixabay
4. Работење нешто друго додека сте на работа
Многу од нас имаат втора или трета работа која ја работат како хоби или за да заработат екстра пари, но треба да постојат граници. Сѐ што правите на вашиот компјутер може да биде легално забележано од страна на вашиот работодавец. Бидете внимателни кога користите уреди на компанијата за вршење лични бизниси.
5. Размена на пораки од лична природа
Четовите како Slack, Campfire и Google Hangout стануваат сѐ покорисни за тимска работа. Сепак, овие пораки се еднакво достапни како пораките од е-пораките.
Не заборавајте да внимавате што пишувате на платформите за четување.
6. Дозволување на пријатели или колеги надвор од ИТ-одделот да имаат далечински пристап до вашиот компјутер
Далечинскиот пристап до софтверите е лесен, па до нив можете да пристапите и надвор од
канцеларијата. Но, немојте да правите нешта кои обично не би ги дозволиле.
- Не би му дозволиле на пријателот да шета по вашата канцеларија и да седи на вашиот компјутер ако прво тоа не го договорите со шефот. Немојте да го правите истото нешто ни виртуелно - вели Џо Рејески, извршен директор и основач на „Avenue X group“.