X
 06.08.2017 Живот

Како да ги убедите германските работодавци дека треба да ве вработат иако не го знаете јазикот?

Германските оддели за човечки ресурси не се приспособени на свет во кој луѓето можеби живееле во 3 или 4 различни земји во текот на нивната кариера. Крис Пиак е тренер за вработување кој раскажува како една Индијка работела во САД неколку години, а потоа дошла во Германија со сопругот.

Ја нашла соодветната компанија, аплицирала неколку пати и иако била исклучително квалификувана, ја одбиле затоа што не го знаела јазикот.

Во Германија има илјадници слободни работни места, но само мал дел од работите се на англиски јазик. Ако се преселите во Германија, мора да знаете германски. Пиак вели дека компаниите беспотребно го прават германскиот јазик неопходна квалификација за вработување. Тој додава дека многу работни места можат да бидат пополнети со луѓе што знаат англиски јазик. Во секој случај, тој вели дека тоа е катастрофа и за Германија и за иселениците.

Според Пиак, Германците сѐ уште мислат дека имиграцијата значи дека кога ќе отидеш од точка А до точка Б, засекогаш остануваш таму. Тој инсистира дека работодавците не само таму, туку и во ЕУ, мора да вработуваат и луѓе што не знаат германски јазик затоа што јазичната бариера предизвикува многу проблеми.

Покажете се себеси


Пиак вели дека на други места можеби компаниите ви се додворуваат, но во Германија вие треба да ги убедете во вашите квалитети.

„Мора да најдете начин да зборувате директно со менаџерот што вработува. Тој е тој што ќе биде заинтересиран да ве слуша. Ако му покажете дека може да го испорачате она што е потребно, тој ќе ве слуша“, вели тој.

Следниот предизвик е да го убедите работодавецот да ви дозволи да почнете на англиски. Со тоа барате многу, целиот тим ќе треба да зборува со вас на англиски, мора да го признаете тоа. Потоа ќе треба да напредувате со германскиот јазик.

Повеќето работодавци гледаат на вештините по германски како на фотографија. Тие мислат дека истите нема да се сменат и ќе останат секогаш такви. Ваше е да го докажете спротивното
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот