X
 04.01.2017

Зошто „Facebook“ не кажува се` што знае за вас?

Од април „Facebook“ се соочува со предизвикот „контекст колапс“ што предизвика корисниците да споделуваат помалку лични информации на веб-страната.

„ProPublica“ во септември собра над 52.000 уникатни атрибути од корисниците на „Facebook“ со користење на нивните податоци според категориите на интерес, за да ги класифицира како потрошувачи.

Она што не е добро познато, сепак, е дека комерцијалните брокери собираат податоци за начинот на кој корисниците на „Facebook“ се однесуваат во реалниот свет, вклучувајќи информации за нивните омилени ресторани, често посетувани места и интереси.


 „Facebook“

Секој пат кога некој додава филм што му се допаѓа или реагира на пост со еден од шест достапни опции тие даваат податоци на брокерите и повеќе информации за себеси. Врз основа на овие информации и податоци, брокерите може да ги прилагодуваат рекламите на поединци на многу попрецизен начин, но поединците немаат пристап до досието за нив.

Стив Сатерфилд, директор за приватност и јавна политика во „Facebook“ изјавил за „ProPublica“: „Нашиот пристап за контрола на категориите од трети лица е малку различно од нашиот пристап за специфични категории на „Facebook“. Тоа е затоа што давателите на податоци со кои работиме, генерално, ги стават на располагање своите категории на многу различни платформи за рекламирање, а не само на „Facebook“.

Теоретски, контактирањето со индивидуалните брокери е единствениот начин да се спречи вашите податоци да бидат достапни на „Facebook“.

Постои дури и страница во центарот за помош на „Facebook“ со листа со голем број на лични податоци што брокерите ги продаваат на социјалните медиумски гиганти. Сепак, реалноста е многу покомплексна: многу брокери бараат долг процес на враќање на податоците, вклучувајќи и обезбедување на идентификација. Но, дури и тогаш не ви се гарантира дека ќе бидете избришани, со оглед дека постојат над 100 идентификувани брокери, така што вашите напори ќе бидат неуспешни.

Дали постои начин да се спречи продавањето на вашите информации? Најдобар начин да спречите вашите информации од „Facebook“, да бидат продавани е да ги ограничите информациите што ги споделувате.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk