X
 12.08.2019 Живот

Германија целосно ќе забрани употреба на пластични кеси

Германија планира закон со кој ќе се забрани употребата на пластични кеси бидејќи договорите со малопродажните синџири за намалување на употребата не дадоа добри резултати. Тоа го изјави министерката за екологија Свена Шулце.

- Моето министерство ќе поведе постапка за целосна забрана на пластичните кеси - рече Шулце, која не прецизира временска рамка за спроведување на мерката.

Таа објасни дека целта е да се намали не само употребата на пластични кеси, туку и самата пластика.

ЕУ ќе забрани одредени пластични производи за еднократна употреба, како што се сламки, виљушки и ножеви од 2021 година, но дозволи преоден рок за други производи сè додека индустријата не успее да ги замени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот