Со децении рециклирањето се смета за еден од најлесните и најважни начини на кои жителите може да помогнат во зачувувањето на планетата. Меѓутоа, многу експерти велат дека целата индустрија за рециклирање на пластика не е таква како што изгледа.
Според нов извештај на организацијата „Гринпис САД“, многу од пластиката што може да се рециклира воопшто не се рециклира, но и многу од пластиката што се користи во САД воопшто не може да се рециклира.
Според извештајот, во 2021 година американските домаќинства произвеле околу 51 милион тони пластичен отпад. Од тоа, само околу 2,4 милиони тони од отпадот, односно 4,7 отсто, биле рециклирани. Извештајот покажува и дека пластиката што се користи во пластичните пакувања во САД не може да се рециклира.
Фото: Pixabay
Според организацијата, индустријата мора да направи големи промени. Компаниите во САД и низ светот мора да ја исфрлат пластиката за еднократна употреба и да ги заменат пакувањата со нови решенија за повеќекратно користење или да нудат производи без пакување.
Дали треба да престанеме да рециклираме?
Резултатите од извештајот изгледаат мрачно, но има многу причини зошто треба да продолжиме правилно да рециклираме, пишува Светскиот економски форум. Меѓу другото, дури и малиот процент пластика што се рециклира прави голема разлика.
Извор:
World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay