Шпанскиот устaвен суд ја суспендираше резолуцијата на каталонскиот парламент за
референдум за сецесија на овој североисточен регион во Шпанија.
Судот во соопштението наведува дека „ја суспендира резолуцијата на каталонскиот парламент каде се предвидува организирање референдум во 2017 година“ и ги предупреди сите политичари во Каталогија на должноста да запрат или да блокираат секаков потег со кој би се игнорирала суспензијата.
Во спротивно, како што се наведува, ќе се соочат со одговорност, вклучително и кривична.
Оваа судска одлука е последната во правната битка меѓу владите во Барселона и Мадрид, по поднесувањето барање за преиспитување на легалноста на референдумот.
Шпанската влада смета дека и сецесијата и референдумот се спротивни на уставот во земјата, пренесува АП.
Поранешниот каталонски претседател, Артур Мас, сега се соочува со можноста за десетгодишна забрана за вршење на јавни функции, затоа што во 2014 година организираше необврзувачки референдум за независност на Каталонија.