X
 10.08.2015 Култура

Како се читала "Одисеја" пред 24 векови?

„Одисеја“, заедно со „Илијада“ се најпознатите дела по кои го знаеме Хомер. Писателот живеел во 8-от век п.н.е., но неговите зборови биле пренесени од генерација на генерација за денес да ги читаме во печатени верзии или во дигитална верзија, преведени на стотици светски јазици.


Епот се појавил како традиционална песна која се раскажувала и пренесувала орално. Токму затоа, верзијата од приказната што ја читаме денес е различна од онаа оригиналната.

Доказ за тоа може да биде едно парче хартија изложено во музејот „Метрополитан“ во Њујорк. Се работи за парче папирус на кое се напишани стихови од „Одисејата“, за кое се верува дека било напишано од 285 до 250 година п.н.е. Тоа е најраната верзија од „Одисејата“ која била пронајдена досега.


Интересно е тоа што текстот малку се разликува од оној текст кој го читаме денес. Поточно, на папирусот има три редови кои не се вклучени во верзијата која ја читаме на училиште.


Музејот го чува вредниот текст од 1909 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура