Сите слушаме музика и кога се чувствуваме добро и кога се чувствуваме лошо. Понекогаш затоа што ве оставила љубовта на вашиот живот, понекогаш затоа што ве предал најдобриот пријател, понекогаш затоа што ве изнервирал шефот.
Токму во овие моменти потребно ви е музичко воздигнување. Токму со тоа ќе ви помогне листата на песни составена од д-р Џејкоб Џолиј, когнитивен невролог на Универзитетот во Грониген, Холандија.
Минатата година, по налог на британскиот бренд за електроника, „Алба“, Џолиј составил листа од 10 најиниспиративни песни во светот.
Како научник, тој морал прво да создаде формула за оваа листа.
- Формулата до која дојдов го зема бројот на позитивни лирски елементи во песната и го дели со тоа колку песната отстапува од 150 удари во минута - пишува тој на неговата веб-страница.
Така, според истражувањето на „Алба“ и анализата на Џолиј, ова се 10-те најинспиративни песни што светот може да ги понуди.
1. „Don't Stop Me Now“ - „Квин“
2. „Dancing Queen“ - „AБА“
3. „Good Vibrations“ - „Бич бојс“
4. „Uptown Girl“ - Били Џоел
5. „Eye of the Tiger“ - „Срвајвр“
6. „I'm a Believer“ - „Монкис“
7. „Girls Just Wanna Have Fun“ - Синди Лопер
8. „Livin' on a Prayer“ - Џон Бон Џови
9. „I Will Survive“ - Глорија Гејнор
10. „Walking on Sunshine“ - Катрина енд д Вејвс
Фото: Screenshot/YouTube