Како мачката знае да се „нацрта“ пред садот за храна точно во 9 часот?
Ваквото однесување на мачките е само реакција на случувањата во средината во која живее. Мачката чувствува кога треба да побара храна благодарение на осцилациите во биоритамот - промени во нивото на хормоните, телесната температура и мозочната активност. Организмот на животните, па и на човекот, постојано поминува низ еден ист циклус што се нарекува циркаден ритам - во 24 часа се менуваат фазите од состојба на длабок сон до состојба на максимална активност.
Jaсно е дека животните имаат чувство за време, но сосема е друго прашање како тие го доживуваат течењето на времето. Се вели дека една човечка година е еднаква на седум кучешки, но како тоа го доживува кучето? Дали времето му поминува побавно?
Во 2014 година едно големо истражување за перцепцијата на времето кај животните потврди дека животните имаат различни временски скали, односно доживуваат поминување на времето, а на тоа најмногу влијание има нивната телесна маса и метаболизмот.
Како воопшто утврдиле такво нешто? Излегува дека перцепцијата на времето зависи од тоа со која брзина ги обработуваме сензорните информации. Ако на животното му покажете светлина што брзо трепка, тоа ќе го доживее како зрак на светлина и нема да го забележи трепкањето. Оние животни што забележале трепкање обично биле поситни животни со побавен метаболизам, па така ним времето им поминувало побавно. Истражувачите ги направиле овие тестови на различни гуштери, птици, риби и цицачи и утврдиле дека колку животните се помали и имаат побавен метаболизам, толку во нивната перцепција времето поминува побавно:
помалите животни живеат во забавен филм.