X
 12.08.2024 Наука

Научници создадоа паметен инсулин што делува само кога е потребно

Научниците успеале да развијат инсулин кој реагира на промените во нивото на шеќер во крвта во реално време и може да направи револуција во третманот на милиони луѓе со дијабетес тип 1 ширум светот.

Пациентите во моментов мора да си инјектираат синтетички инсулин до 10 пати на ден за да преживеат. Постојаните флуктуации помеѓу високите и ниските нивоа на шеќер во крвта може да резултираат со краткорочни и долгорочни здравствени проблеми, а борбата да се одржи нивото стабилно може да влијае и на менталното здравје.

Сега научниците пронајдоа решение за кое велат велат дека е најблиску до лек за дијабетес тип 1 - паметен инсулин кој е  неактивен во телото и делува само кога е потребно. Истражувачите од САД, Австралија и Кина успешно дизајнираа нови инсулини кои го имитираат природниот одговор на телото на промена на нивото на шеќер во крвта и реагираат моментално во реално време.

Стандардните инсулини го стабилизираат нивото на шеќер во крвта кога ќе влезат во телото, но штом ќе си ја завршат работата, тие обично не можат да помогнат при идните флуктуации. Ова значи дека пациентите често треба повторно да инјектираат повеќе инсулин во рок од само неколку часа.

Новите инсулини кои реагираат на гликоза стануваат активни само кога има одредена количина шеќер во крвта за да се спречи хипергликемија (висок шеќер во крвта). Тие повторно стануваат неактивни кога нивото ќе падне под одредена точка, избегнувајќи хипогликемија (ниска гликоза во крвта). Во иднина, на пациентите може да им треба само инсулин еднаш неделно, велат експертите.

Д-р Тим Хајзе, потпретседател на научниот советодавен одбор за новите инсулини, рече дека паметниот инсулин може да навести нова ера во борбата против дијабетесот.

Доделени се речиси 3 милиони фунти на шест истражувачки проекти кои развиваат различни типови на паметен инсулин. Секој проект има за цел да го прилагоди паметниот инсулин за да работи побрзо и попрецизно, ослободувајќи дел или целиот товар од управувањето со дијабетес тип 1 и намалувајќи го ризикот од долгорочни компликации.

Д-р Елизабет Робертсон, директорка за истражување во „Дијабетес ВБ“, рече дека проектите имаат потенцијал да го револуционизираат третманот на дијабетес тип 1.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука