X
 12.08.2026 Образование

БИП програма - студенти од УКЛО во чекор со современи трендови во биотехнологијата

Студенти од Факултетот за биотехнички науки – Битола: Теодора Јаковлеска, Теона Котеска и Јован Јошевски, под менторство на проф. д-р Дијана Блажековиќ - Димовска, реализираа мобилност на Факултетот за биотехнологиja при Универзитетот за агрономски науки и ветеринарна медицина во Букурешт (USAMV Bucharest), Романија. Како претставници од Факултетот и УКЛО, од 6 до 10 јули 2026 година тие активно се вклучија во инспиративна Blended Intensive Program (BIP) посветена на современи научни области и нивната меѓусебна поврзаност, со посебен акцент на биологијата, биотехнологијата, иновациите и современите технологии.

1

6

Покрај можноста да истражуваат и да бидат во чекор со современи трендови во биотехнологијата, студентите се запознаа и со концептите на суперхрана, здравје и одржливост. Преку тимска работа и размена на идеи, тие имаа можност да развиваат и презентираат сопствени биотехнолошки идеи и проекти.
Покрај научното искуство, програмата на учесниците им овозможи да ја запознаат романската култура и традиција, да создадат меѓународни контакти, да разменат идеи и да стекнат нови пријателства. Нивните впечатоци најдобро ја отсликуваат вредноста на ваквите мобилности – недела исполнета со знаење, соработка, иновации, културна размена и нови перспективи.

2

На помладите колеги кои размислуваат за избор на универзитет пред стартот на уписите, студентите им порачуваат дека Факултетот за биотехнички науки - Битола  и УКЛО се место каде што знаењето се поврзува со практиката, биологијата со технологијата, а студентите со нови идеи, искуства и можности за развој. Токму ваквите меѓународни искуства се потврда дека иднината на биотехнологијата се гради со знаење, иновации, соработка и отвореност кон светот.

4

Ваквите можности се резултат и на посветеноста на УКЛО кон градењето силни меѓународни партнерства и создавањето можности за академска и професионална мобилност на студентите. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола учествуваше во Конзорциумот како единствен македонски претставник потврдувајќи ја својата посветеност кон унапредувањето на меѓународната соработка и отворањето нови можности и перспективи за своите студенти.

5

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование