X
 28.04.2022 Образование

Во училиштата во Аргентина ќе учат за биткоин и блокчејн

Проектот за настава за основните принципи на криптовалутите, особено хиткоин (BTC), ќе биде лансиран од Фондацијата „Билт вит биткоин“ заедно со невладината организација „Биткоин Аргентина“ и берзата „Паксфул“.

Првично околу 40 средни училишта во Аргентина ќе учествуваат во таканаречениот „Проект за училишта и биткоин“, под премисата дека образованието на сите нивоа е клучен чекор кон следниот бран на глобално усвојување на биткоинот. Неговите спонзори објавија дека овој проект за стручно насочување и обука за биткоин и блокчејн ќе биде наменет за наставници, образовни институции и студенти во последните години од средното образование.

Целта на наставниот проект за биткоин што ќе започне во август е да обезбеди обука за повеќе од 4.000 аргентински ученици. Следниот чекор на проектот ќе биде организирање меѓуучилишни средби на кои ќе бидат изложени предлозите подготвени од групите ученици-учесници.

Промоторите на проектот сакаат и наставниците и учениците да ги разберат придобивките и предностите што ги нуди децентрализираниот финансиски систем базиран на блокчејнот на биткоин.

Од друга страна, програмата „Паксфул“ има цел да им помогне на училиштата да добијат импулс во нивната дигитална трансформација, особено за да можат да ги усвојат употребите, јазиците и концептите на овие технологии.

- Поканети се сите средни училишта во државата да бидат дел, да се охрабрат да учествуваат во оваа промена која со вртоглаво темпо поминува низ светот - вели координаторот за институционален развој на невладината организација „Биткоин Аргентина“, Химена Валоне.

Неколку факти:

- 22,1 отсто од Аргентинците консултирани во истражувањето објавено од „Паксфул“ кон средината на минатата година рекле дека се чувствуваат целосно или сосема сигурни да работат со биткоин и други криптовалути.
- Покрај тоа, 67,9 отсто од луѓето што направиле барем една трансакција со криптовалути изјавиле дека имаат доверба во криптовалутите.
- 84,9 отсто од нив изјавиле дека се спремни да спроведат нови операции.
- Аргентина е една од земјите со највисоко прифаќање и употреба на криптовалути во моментов во Латинска Америка.
- Поучувањето за биткоин и блокчејн во училиштата сигурно ќе ѝ даде силен поттик на криптоиндустријата во иднина.
- Младите се дел од населението на глобално ниво што најмногу се привлечени од криптовалутите.

Извор: Investing.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование