X
 12.09.2016 Живот

Лажна победа на „Милионер“ - најголемата измама некогаш направена на телевизија

На 9 септември 2001 година, пред 15 години, Чарлс Инграм влезе во историјата како човек кој го освои милионот на познатиот квиз „Кој сака да биде милионер“.

 

измама


Освен што станал познат како првиот Британец кој успеал да одговори на 15-те прашања и да го освои милионот, Чарлс го предизвикал и најголемиот тв скандал на сите времиња. Неговото натпреварување започнало очајно, меѓутоа на крајот тој успеал да ги освои парите. Но, како?

Чарлс во текот на целиот квиз лажел пред очите на публиката во студиото, водителот и гледачите пред малите екрани. Тој имал договор со неговата сопруга Дијана и со негов другар - кога ќе го прочита точниот одговор, тие треба да започнат да кашлаат.

Меѓутоа, после шоуто тој имал жестока расправија со неговата сопруга затоа што таа му замерила на неговата алчност да оди до крај, наместо да го заврши натпреварувањето на некое пониско ниво. Доколку ја послушал можеби никогаш не би го откриле и никогаш тројцата не би завршиле во затвор. На видеото подолу можете да погледнете како Чарлс одговара на прашањата со помош на кашлањето на неговата сопруга и неговиот другар.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот