Научниците откриле аудио од патор што имитира човечки говор. Меѓутоа, тој може да ја повтори само англиската фраза „you bloody fool“, што во слободен превод значи „ти будало“.
Аудиото било снимено од пензионираниот австралиски истражувач Питер Фулагар пред 30 години, додека живеел во природен резерват во близина на Канбера. Аудиото неодамна било објавено од страна на професорот Карел Тен Кејт од Универзитетот во Лејден, Холандија.
Паторот Рипер веројатно е мртов бидејќи овој вид патки живеат околу 23 години во заробеништво. Меѓутоа, аудиото е доказ дека може да учат вокални јазици, како и папагалите.
Тен Кејт открил дека ја потврдил автентичноста на аудиото со помош на компјутерски софтвер и веројатно паторот ја научил фразата од човекот што го чувал.
Извор:
Insider
Фото: Pixabay