X
 21.10.2015 Култура

Гери Вајтхил во Скопје: "Животот не е е*ен тест"

Во вторникот (20.10) се одржа свечено доделување на дипломите на дипломираните студенти во бизнис акцелераторот „NewMan“, односно „New Man's business accelerator“. Како специјален гостин на настанот говор одржа Гери Вајтхил, американски претприемач кој моментално работи како советник на политичари, претприемачи и директори низ целиот свет, а стои зад компанијата „Entrepreneur week“, која се прошири на 4 континенти за една година.


За време на својот говор, Вајтхил се фокусираше на концептот „missfit“, кој се однесува на луѓето кои се чувствуваат различно од оние во нивната околина и сметаат дека сакаат да прават нешто уникатно наместо да „го следат стадото“. Самиот тој рече дека смета дека е „успешен затоа што не ги слушал останатите кои му кажувале што да прави бидејќи тоа не претставува можност, ами едноставно следење на групата“.


Зборувајќи за образованието во САД и светот, Вајтхил го претстави својот став во кој одговорите не се важни, туку искуството. „Животот не е е*ен тест“, повтори тој неколкупати додека на студентите им покажуваше како да го извлечат најдоброто од искуството во образованието. Вајтхил ги советуваше присутните и да патуваат. Самиот тој во моментов е на турнеја во 20 земји за 60 дена.


Познавајќи го балканскиот менталитет, Вајтхил ја издвои македонската потреба и сила за преживување која ја смета за основна и доволна за успех. Присутните излегоа од салата инспирирани за успех, а неговите ставови може да ги чуете и вие преку неговиот говор за ТЕД во продолжение, кој се смета за еден од најконтроверзните на сите времиња.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура