X
 12.09.2022 Живот

Привилегии на кралот - нема возачка дозвола и пасош и не гласа

Новиот британски крал Чарлс Трети ќе има различни привилегии, а меѓу нив е и тоа што не му треба пасош, ниту возачка дозвола.

Исто така, тој ќе стане сопственик на сите лебеди и рибите есетри во Обединетото Кралство, една од малку невообичаените привилегии што ги ужива британскиот суверен.

Кралот патува без документи за идентификација, па за разлика од другите членови на кралското семејство, не му е потребен пасош бидејќи тој документ им се издава на граѓаните во негово име.

Од истите причини и шефот на британската држава е привилегиран во управувањето возило и е единствениот државјанин на таа земја што нема возачка дозвола. Меѓу другото, кралот никогаш не гласа, затоа што мора да биде целосно неутрален во политиката. Ниту може да гласа ниту може да се кандидира на изборите.

Од друга страна, монархот е тој што ги отвора повиците на Парламентот и го потврдува премиерот со кој редовно разговара.

Исто така, монархот има право двапати да го слави роденденот. Двојната роденденска прослава не е невообичаена во кралското семејство, па затоа прославите обично се организираат на ден различен од вистинскиот датум на раѓање, особено кога не е во лето, а таков е и случајот со новиот крал Чарлс III, кој е роден на 14 ноември 1948 година.

Кралот ги поседува лебедите низ неговата татковина. Секоја година стручните служби внимателно ги бројат лебедите на Темза, а тоа е традиција која ќе биде заштитена.

Маркетиншки профит

Британскиот монарх ги поседува и рибите есетри, делфините и китовите во водите околу Обединетото Кралство.

Тука е и привилегијата, како и честа, (како исклучително маркетиншки профит) неколку мали британски компании, францускиот шампањ и безалкохолниот пијалак „швепс“ да го користат кралскиот грб на своите производи.

„Барбери“, „Јагуар“, „Ленд Ровер“ и „Самсунг“ се само некои од светските познати марки кои исто така ја уживаат оваа привилегија.

Кралот Чарлс Трети ќе наследи големо богатство

По смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син Чарлс го наследи тронот, како и нејзиното приватно богатство, наследство што го добива без да плаќа данок. Оваа привилегија е резервирана за наследниците на кралот.

Извор: bizlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот