X
 06.05.2023 Живот

Принц со најдолг стаж по кого е крстена жаба: Интересни факти за кралот Чарлс

Денеска е крунисувањето на кралот Чарлс, па решивме да ви понудиме интересни и забавни факти за кралот и историјата на крунисувањето.

Принцот Чарлс Филип Артур Џорџ е роден во Бакингемската палата на 14 ноември 1948 година, во 21:14 часот. Принцот бил крстен на 15 декември 1948 година, исто така во Бакингемската палата.

1. Принцот Чарлс стана наследник (следниот на редот за тронот) на возраст од 3 години, во 1952 година, и во 2017 година стана принц со најдолг стаж.

2. Чарлс има три браќа и сестри, два сина, два посиноци, пет внучиња од посиноците.

3. Првата посета на Чарлс во странство било на Малта, кога имал пет години. Од 1969 година, тој посетил 48 земји од Комонвелтот, многу од нив во неколку наврати.

4. Чарлс бил првиот престолонаследник кој стекнал универзитетска диплома. Тој студирал археологија и антропологија на Универзитетот во Кембриџ, но во последната година од студиите се префрлил на историја.

5. Додека бил на училиште, Чарлс свирел на пијано, труба и виолончело.

6. Станал летачки поручник во август 1971 година.


7. Неговото Височество е првиот член на Кралското семејство кој успешно го заврши курсот за обука на Падобранскиот полк, пред да биде назначен за главен полковник на полкот во 1977 година.

8. Како принц од Велс, Чарлс ја добил титулата „Чувар на кравите“ од Масаите во Танзанија во 2011 година, како гест за признавање на неговата работа како земјоделец.

9. На пацифичкиот остров Вануату, во 2018 година, на Чарлс му беше дадена титулата „Мал Менарингману“ (Висок началник).

10. По Чарлс е крстена и жаба од видот „Hyloscirtus“.

11. Чарлс е и автор. Ја има напишано книгата „Старецот од Лохнагар“, врз основа на приказни што им ги раскажувал на помладите браќа додека растеле. Исто така, има напишано и книги за природниот свет и животната средина.

12. Чарлс е и сликар и имал слика истакната на летната изложба на Кралската академија во 1987 година, откако била поднесена анонимно.

13. Во 1975 година, Чарлс станал член на „Волшебниот круг“, друштво на сценски волшебници основано во Лондон во 1905 година, откако ја поминал аудицијата со магичен трик.

14. За време на посета на студиото на Би-би-си во 2012 година, тој беше презентер и ја презентираше временската прогноза.

15. Од 1601 година досега, имало само едно крунисување во месец мај.

16. Чарлс ќе биде 40. крал што ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија.

17. Најмладиот монарх досега била Марија, кралицата на Шкотите, која станала кралица во 1542 година кога имала само шест години.

Извор: Royal.co.uk
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот