Успешните компании знаат дека успехот им зависи и од среќата на вработените, па затоа често не штедат на дополнителни бонуси или на креативност во изненадувањата што ги подговуваат за нив.
IKEA нуди до 4 месеци платено породилно отсуство и навработените со половина и со полно работно време со најмалку 1 година искуство во компанијата, без разлика дали работат во продавница или во канцелариите.
Reebok ги охрабрува вработените да ги достигнат сопствените фитнес цели со тоа што им обезбедува сала за вежбање со програма со вежби кои се вистински предизвик.
Bain & Company најдоброто место за работа во 2017, одржува дводневен годишен глобален Светски куп во фудбал отворен за сите вработени. Минатата година настанот се одржа во Брисел, а годинава ќе се одржува во Лос Анџелес.
Goldman Sachs нуди покривање на трошоците за операција за промена на полот од 2008 година.
Facebook обезбедува покривање на здравствената заштита и бесплатно сместување за практиканти. Многу од нив велат дека заработуваат повеќе од 7.000 долари месечно.
Scripps Health се грижи за здравјето на миленичињата на своите вработени, нудејѓи здравствено осигурување за истите.
Sturbucks нуди надомест за целосно школување на своите вработени за онлајн додипломски студии, а преку државниот универзитет во Аризона.
American Express' нуди до 5 месеци породилно отсуство за мајки и за татковци. Мајките кои раѓаат обично добиваат и дополнителни 6 до 8 недели по продолжувањето на платата за боледување. Родителите имаат пристап до консултант за лактација 24 часа, а мајките кои се на службено патување може да го пратат нивното млеко дома бесплатно.
Eventbrite им нуди на вработените месечни 60 долари за да ги искористат за нешто што ќе ги одржи здрави од сала за вежбање до разни сокови.
Whole Foods Market нуди 20% попуст на сите вработени во маркетот, и на вработените со половина и на тие со полно работно време.