Кралството Бутан се наоѓа високо на Хималаите, помеѓу Кина и Индија. Бутанците својата земја ја нарекуваат Друк Јул, што значи Земја на змејот на громот. Во оваа земја е забранета употребата на пластични кеси и цигари, но и изградба на куќи во модерен стил, бидејќи се признава само традицијата.
Првиот човек на Бутан е кралот Џигме Хесар Намгел Ванчук и е доста необичен, исто како и земјата со која управува.
Тој неодамна се одлучи за вистинска авантура, патување низ планини и џунгли за да стигне до оддалечените села за да го предупреди својот народ на коронавирусот. Тој веќе 14 месеци патува пеш, со автомобил и на коњ кон оддалечените делови на земјата за да следи дали се спроведуваат мерките за заштита на кралството од 700.000 луѓе, откако вирусот се појави во соседна Индија.
Официјалната кралска фејсбук-страница содржи официјални објави благодарение на кои обожавателите низ земјата можат да ги следат неговите фази на патување. Навечер кралот спие во шатор, а деновите ги минува разговарајќи со здравствените работници и проверувајќи дали сè е под контрола.
Монархот е исклучително популарен меѓу луѓето во Бутан. Тој е познат по тоа што патува низ кралството и да разговара за политиката на земјата со својот народ. Кога седна на тронот, тој се откажа од апсолутните овластувања со цел да го претвори Бутан во уставна монарија, како дел од процесот на демократизација.
- Кога кралот патува со километри и тропа на врата за да ги предупреди луѓето за пандемијата, тогаш неговите скромни зборови се почитуваат и се сфаќаат многу сериозно - изјави бутанскиот премиер, Лотај Шеринг.
- Присуството на Неговото височество е далеку помоќно отколку едноставно издавање на јавни упатства. Кралот ги уверува луѓето дека не се сами во борбата против пандемијата - додава тој.
Бутан, кралство во кое живеат 700.000 луѓе е опкружено со Кина и Индија, е планинска земја, со просечна надморска височина од 2.400 метри. Неговиот јужен сосед Индија се бори со една од најлошите епидемии на ковид-19 во светот, но Бутан имаше релативно малку случаи. Од 28 јуни, Бутан има пријавено 2.052 случаи на ковид-19 и еден смртен случај.
Извор:
24sedam.rs
Фото:
Facebook