Апсолутниот монарх на Свазиленд, кралот Мсвати Трети, одлучи дека оваа мала африканска земја, која се протега на околу 17.000 квадратни километри помеѓу Јужноафриканската Република и Мозамбик, повеќе нема да се вика така.
На прославата по повод 50. роденден на кралот, а воедно и 50-годишнината од независноста на Свазиленд, тој објави дека државата го променила своето име во Кралството еСватини. Новото име во превод значи „нација на народот Свазиленд“, а веста за промената ги изненади сите, иако Мсвати со години ја нарекува земјата еСватини.
- Секогаш кога ќе отидев некаде во странство, имаше конфузија, државата ни ја нарекуваа Швајцарија - рече кралот, мислејќи на сличностите со англиското име на Свазиленд и Швајцарија.
Прочитајте
тука како реагираше народот на Свазиленд на одлуката на кралот, кој моментно има 15 сопруги.