„Сити три“ е името на најновиот проект кој се реализира во Лондон со цел да се намали загадувањето на воздухот. Лондон се бори со квалитетот на воздухот со векови.
Од неодамна во градот биле поставени клупи кои може да го прочистат воздухот колку една мала шума. Клупите изработени од дрво во внатрешниот дел имаат мов и со негова помош природно ги апсорбираат ситните честички од загадениот воздух.
Клупите се поврзани со наводнување и се надгледувани со помош на технологијата. Секоја клупа има 275 пати поголема способност за чистење на воздухот од едно дрво.
Клупите може да ги елиминираат озонските гасови, прашината и азотниот диоксид, а секоја годишно може да филтрира до 265 тона јаглероден диоксид.
Досега биле поставени над 20 вакви клупи во различни земји, а зад нив стои германската стартап-компанија „Грин сити солушнс“.
Извор:
Green
Фото: Instagram (Printscreen)