X
 11.12.2021 Живот

Собирање сулфур од вулкан - една од најопасните работи во светот

За да заработат околу 13 долари на ден, рудари околу полноќ се искачуваат на височина од 2.800 метри на вулкан. Кога ќе стигнат до врвот, тие се спуштаат во кратерот, ги кршат грутките сулфур, ги ставаат во корпи и се враќаат назад.

Ова се случува во вулканот Кавах Иџен, кој е дел од вулкански комплекс на источниот дел од островот Јава во Индонезија. Вулканот ги привлекува туристите поради бојата која е резултат на игра на светлина со сулфурот.


Фото: Okkisafire/Wikipedia

Поради силната жолта боја, но и парите што ги добиваат за него, жителите го нарекуваат сулфурот - ѓаволско злато. Рударите на овој начин заработуваат за живот, иако собирањето на сулфурот е опасно.

Освен пределот, кој а тежок за искачување, сулфурот произведува густ чад кој го отежнува животот кога е во реакција со вода и кислород. Во ваквото опкружување се појавуваат и болести, како заболувања на белите дробови и грлото и деформација на нозете и на 'рбетот.


Фото: Candra Firmansyah/Wikipedia

Рударите на овој начин може да заработат до 13 долари на ден, што е повеќе од она што би го заработиле доколку се занимаваат со земјоделство.

Извор: Dnevnik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот