X
 12.04.2021 Живот

Пепел паѓа како снег по ерупција на вулкан на Свети Винсент

Вулканот Ла Суфриер еруптира повеќепати минатата недела, покривајќи делови од карипскиот остров Свети Винсент со прав и чад. Локалните жители известувале дека паѓал пепел со мирис на сулфур, а илјадници луѓе морале да бидат евакуирани.

Вулканот почнал да покажува активност во декември, по децении неактивност. Жителите во близина првпат забележале лава како излегува од вулканот во четврток вечерта. Во петокот, сеизмолозите потврдиле дека била во тек експлозивна ерупција и жителите биле евакуирани.

Во видео објавено на Би-би-си може да се види како на Свети Винсент паѓа пепел како снег по ерупцијата. Во видеото може да се види и огромен облак од чад и прав кој излегува од вулканот.



Извор: bbc.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот