X
 12.11.2021 Образование

УКИМ го промовира Центарот за истражувања ЦеНИИс

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (УКИМ) го одбележа Светскиот ден на науката и со промовирање на нов Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс. Настанот беше хибриден, со физичко присуство, а на видеоконференциската платформа „Зум“ се одржа панел на тема: УКИМ во интернационални рамки.

Панелот го водеше проректорот за наука проф. д-р Валентина Гечевска, учествуваше ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, а говорници беа постојаните членови на Центарот и проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р Ордан Чукалиев, како и постојаните членови на Центарот, научници и професори на странски универзитети, кои по потекло се од нашата држава.

На панелот учествуваа 185 присутни (16 со физичко присуство и 169 на платформата „Зум“), припадници на академската заедница на УКИМ и голем број припадници на меѓународната научноистражувачка заедница од повеќе земји во светот и од повеќе континенти.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование