Имам ќерка од 2 години и 1 месец. Секоја ноќ плаче до зајдување. Се случило и да поврати. Ова трае веќе 2 месеца, се случува речиси секоја ноќ, а понекогаш и по неколку пати. Ако не ја земам в раце, станува, оди со отворени очи иако спие, а ако ја земам, веднаш замижува. Ме бара, па ме турка, а со татко ѝ нема шанси да се смири. Ќе ја смирам, па набрзо повторно сè од почеток се случува. И така по неколку пати во текот на ноќта. Третпат по ред ваква фаза, само што тогаш се случуваше на одредено време, по 1 во ноќта. Траеше и по 1 час, потоа си спиеше. Контактибилна е, ми одговара на прашања во сон. Ова се случува без разлика дали е до мене или сама в кревет. Вели дека не ја боли ништо. Никој не ја кара, ниту ја тепа, не се плаши. Зборува сè, брзо учи и сфаќа. Дење има тантруми, но само дома и полека се разретчуваат. Молам за помош.
Ова е прашање на читателка упатено до психолозите соработници на
Деца.мк.
Одговорот на Ивана Маринчек прочитајте го на овој
ЛИНК.
Ивана Маринчек