Американски „Тајм“ ја прогласи шведската активистка Грета Тунберг за личност на годината.
Таа е прогласена за личност на 2019 година поради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.
И додека целото внимание беше насочено кон признанието, активистката против климатски промени ги обвини политичките и бизнис-лидерите дека сакаат да се претстават во подобро светло, а не преземаат агресивни акции во борбата против климатските промени.
- Уште верувам дека најголема опасност е да не се работи ништо. Вистинска опасност е кога политичарите и директорите предлагаат како да се работи нешто, а всушност не се работи ништо освен паметно сметководство и креативен пи-ар - изјави таа на самитот на ОН во Мадрид.
Тунберг истакна дека многу ветувања за балансирање на емисиите на штетни гасови со ефект на стаклена градина не го вклучуваат влијанието на бродоградителството, воздухопловството и меѓународната трговија и повика на побрзо дејствување.
Извор: МИА
Фото: Time