X
 04.10.2019 Живот

Грета Тунберг се пошегува и со Путин

Рускиот претседател Владимир Путин на Форумот за енергетика во Москва завчера, говорејќи за шведската активистка за заштита од климатските промени Грета Тунберг, ја оцени како „фина и многу искрена девојка“ која не ја разбира сложеноста на современиот свет.

- Можеби ќе ве разочарам, но не ја делам вашата возбуда околу говорот на Грета Тунберг… Никој не ѝ објаснил дека современиот свет е посложен и поинаков. Луѓето во Африка или во некои азиски земји, на пр., сакаат да имаат услови како во Шведска - изјави Путин на форумот.

Тој, сепак, додаде дека децата што се страсни борци за заштита на животната средина треба да бидат поддржани од лидерите.

Слично како што тоа го стори и со претседателот на САД, Доналд Трамп, 16-годишната девојка одговори со промена на својата куса биографија на „Твитер“, вметнувајќи ги зборовите на Путин.

„Љубезен, но недоволно информиран тинејџер“, стои сега во описот на Тунберг.

Со оваа саркастична шега таа само ја зголеми популарноста кај своите обожаватели тинејџери.

Тунберг е номинирана за Нобелова награда за своите заложби и дејност.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот