X
 14.12.2021 Живот

Илон Маск е личност на годината според магазинот „Тајм“

Поради неговата работа во „Тесла“, „Спејс екс“ и плановите да однесе луѓе на Марс, магазинот „Тајм“ го прогласи Илон Маск за личност на годината.

„Личноста на годината е показател за влијание и малку поединци имале поголемо влијание од Маск врз животот на Земјата, а потенцијално и врз животот пошироко. Во 2021 година Маск се појави не само како најбогат човек на светот, туку и како најбогат пример за големи промени во нашето општество“, напиша Едвард Фелсентал, главен уредник на „Тајм“.

- Тој е човек кој сака да ја спаси нашата планета и да ни најде нова на која ќе живееме. Го нарекуваат кловн, гениј, мајстор, визионер, индустријалец, шоумен, луд хибрид на Томас Едисон, П.Т. Барнум, Ендрју Карнеги и д-р Менхетен, русокос „човек-бог“ кој измислува електрични автомобили и се сели на Марс - пишува „Тајм“.

„Тајм“ посочува дека титулата личност на годината, пред сѐ, е признание за влијание и се доделува од 1927 година. Потсетуваме, титулата во 2019 година ја доби младата активистка Грета Тунберг, а минатата година ја добија Џо Бајден и Камали Харис.


Извор: Bug.hr
Фото: Times
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот