Се чини дека „Инстаграм“ сака да врати функција достапна на некогашната социјална мрежа „Мај спејс“ каде што корисниците имаа можност да додаваат песни на нивните профили.
Новата функција ќе им овозможи на корисниците сами да избираат песни. Портпарол на „Мета“ изјави дека функцијата е внатрешен прототип и дека сè уште не се планира надворешно тестирање.
Покрај оваа промена, „Инстаграм“ правеше голем број тестови на нови функции од кои некои изгледаат оригинални, а некои позајмени од други апликации за социјални медиуми. Како што се сеќавате, „Фејсбук“ ги позајми „Рилс“ од „Тик-ток“ за „Твитер“ подоцна да дебитира со сопствени „Рилс“, додека „Инстаграм“ ги копираше „Сторис“ од „Снепчет“ пред неколку години.
И покрај сето копирање низ годините, единствената социјална мрежа од која никој сè уште нема ништо ископирано е „Мај спејс“. Сигурно се сеќавате на блескавите фонтови и текстови, слики, аватари и автоматска репродукција на музика.
Ова би било голема промена од „рамните дизајни“ кои доминираат откако „Фејсбук“ го престигна „Мај спејс“.
Шефот на „Инстаграм“, Адам Мосери, му призна на персоналот дека апликацијата заостанува, „Рилс“ не се толку успешни како што се очекувало, а оваа социјална мрежа е обвинета и за лошото менаџирање со податоците на тинејџерите.
Извор:
Petapixel.com
Фото: Freepik