X
 13.01.2019 Живот

Неуредна канцеларија испраќа погрешни сигнали

Екстремно неуреден работен простор може да ги наведе луѓето да веруваат дека сопственикот на тој простор е поневротичен и помалку љубезен, покажува нова студија.

Психолози го истражувале степенот на неуредност во работниот простор на лицата и како тоа влијае врз перцепциите за карактерот на работникот.

Во три експерименти истражувачите случајно избрале околу 160 учесници да седнат во канцеларии што биле чисти или во канцеларии што биле малку и многу неуредни.

Истражувачите ги декорирале сите канцеларии идентично за да се помисли дека се на мажи. Во канцелариите имало неколку лични предмети, како капа која висела на закачалката на вратата, шолја со бонбони, фотографија од бебе и научни книги и академски списанија на полицата за книги.

Во уредната канцеларија хартијата била педантно ставена на бирото, книгите и списанијата биле убаво подредени на полиците, на орманите за папки имало ознаки и сето ѓубре било во кантата.

Во неуредната канцеларија книгите биле превртени на полиците, на подот имало хартија и на ѕидот имало часовник кој не работел. Во многу неуредната канцеларија било уште понечисто, понеорганизирано и имало поголем неред.

Учесниците се обиделе да погодат каква личност е истражувачот врз основа на изгледот на канцеларијата - оценувајќи ги екстроверзијата, пријатноста, свесноста, невротицизмот и отвореноста за искуства. Во секој експеримент учесниците мислеле дека истражувачот од неуредната канцеларија е помалку совесен од оној од уредната канцеларија.

Во вториот и во третиот експеримент учесниците исто така мислеле дека истражувачот од неуредната канцеларија е помалку пријатен и поневротичен од оној од уредната канцеларија. Неуредните канцеларии ги наведувале учесниците да мислат дека сопственикот има една или повеќе негативни особини.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот