Литиум полимер батериите денес можат да се пронајдат насекаде. Поради тоа што се малечки, овие батерии се дел од многу паметни телефони, таблети и лаптопи.
Во најголемиот дел тие се безбедни, освен ако не се пробијат. Настрана од тоа што батеријата повеќе нема да работи, туку таа може и да експлодира, како на видеото.
Пред да започнете да паничите и да ги фрлите вашите електоронски уреди, важно е да запомните дека човекот на видеото се обидува да ја уништи батеријта. Ова ретко се случува случајно. Батеријата во вашиот телефон обично е заштитена, така што ако случајно падне, таа нема да експлодира.