X
 03.10.2021 Живот

Во овој град може да заработите ако го намалите вашиот јаглероден отпечаток

Скандинавските земји се познати по инвестициите во одржлива енергија, а Лахти, град во Финска, ја освои титулата зелена престолнина на Европа за 2021 година.

До неодамна ова мало место беше индустриски град, а неговата трансформација може да послужи како патоказ за многу други градови.

Лахти е град со станбени згради кои изгледаат речиси идентично, со широки улици и велосипедски патеки. Има многу зелени решенија за кои се одлучиле властите во Лахти, но тие не се видливи на прв поглед. Во овој град домовите и училиштата се потпираат на 100 отсто обновливи извори и имаат единствен систем за подземни води. Затоа ја имаат најдобрата вода за пиење во светот, која е сертифицирана од УНЕСКО.

Просторот што порано служел како депонија сега е претворен во отворена зелена површина, а градот веќе ги намали вкупните емисии на гасови за 70 отсто, додека 51 отсто од сообраќајот на градот се одвиваат со јавен превоз, возење велосипед или пешачење. Жителите во Лахти се загреваат со помош на рециклирано гориво и фабрики за биоенергија.

Во овој град ништо не се фрла - 99 отсто од домашниот отпад се рециклираат: 46 отсто се користат за производство на рециклирани материјали, а 53 отсто за производство на енергија.

Но, Лахти не бил секогаш толку зелен. До 1975 година најголемото езеро во градот - Весијарви беше едно од најзагадените во Финска, исполнето со ѓубре и алги. Истата година започна проект во кој од езерото беа отстранети милиони лебарки. До 1987 година езерото беше порибено, што доведе до намалување на штетните сини алги. Квалитетот на водата е значително подобрен и езерото сега е богато со водни растенија и риби, а луѓето се капат без страв за нивното здравје.

Една од најоригиналните работи во Лахти е моделот за тргување со јаглероден диоксид, кој е доста револуционерен. Жителите се регистрираат преку мобилна апликација која им дава граници на јаглероден диоксид до кои ќе се придржуваат секоја недела. Доколку останат во границите, добиваат награди, што е одличен поттик за користење јавен превоз или велосипед. Апликацијата се вика „СитиКЕП“ и препознава како се движи едно лице и автоматски ги пресметува емисиите предизвикани од тоа.

Преку апликацијата граѓаните заработуваат поволности и услуги во форма на автобуски билети и попусти за локални производи.


Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот