Работното време на читалницата во градската библиотека „Браќа Миладиновци“, по барање на студентите, ќе биде отворена 24 часа. Ова беше договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Ева Цветковска и Вера Палевска.
Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалницата непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читалници кога тие ќе им бидат потребни.