X
 13.01.2026 Живот

Најдобриот германски ритуал: Дали знаете што прават Германците помеѓу 15 и 16 часот?

Во Германија и во Австрија со векови постои културата „kaffe und kuchen“, или традиција на собирање на пријателите и семејството во кафулиња или домови попладне и пиење кафе и јадење парче торта. 

Исто како што Британците не се откажуваат од чајот, така е запишано во германската традиција - дека помеѓу три и четири часот попладне тие нема да се откажат од кафе и торта, комбинација што ќе ве „крене“ доволно за полесно да се помине денот. Во текот на неделата најчесто станува збор за едноставни колачи, но викендот се одбележува и со парче торта.

Обичајот да се оди на кафе и колач е популарен кај сите генерации, а кафулето за попладневното кафе се избира според квалитетот на десертите што ги служи.

Постојат многу рецепти за колачи кои совршено се вклопуваат со богатите и нежни вкусови на кафето, а меѓу најпопуларните секако се оние што содржат јаткасти плодови. Поради нивните ароматични својства и високата содржина на масло, тие се користат во сите видови десерти, од сочни бисквити и суви колачи до кремасти колачи. Постои уште една причина зошто кафето и јаткастите плодови се идеална комбинација.


Јаткастите плодови, поради нивната висока содржина на есенцијални масни киселини и витамини и минерали, се важни за правилно функционирање на срцето. Кафето, од друга страна, содржи кофеин - стимуланс кој има позитивен ефект врз централниот нервен систем и го забрзува метаболизмот.

Во традиционалните народни рецепти кои се пренесуваат од генерација на генерација, јаткастите плодови како лешници, бадеми и ореви се неопходна состојка. 

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот