Елитно кинеско училиште е критикувано поради тоа што училниците ги претвори во „виртуелни“ затвори со тоа што на прозорците и балконите постави метални шипки во обид да ги запре учениците да не се самоубиваат скокајќи.
Училиштето „Heshui No2“ е добро познато по своите импресивни резултати, но неодамна двајца ученици починаа скокајќи од училишната зграда.
Поради тоа училиштето се одлучи да преземе сопствени перки поставувајќи метални шипки на прозорците и балконите. Меѓутоа, фотографиите од нивните нови мерки за заштита предизвикаа бес на социјалните мрежи поради тоа што училиштето го направиле да изгледа како затворски камп.
„На Кина и` се потребни реформи за да ги укине овие тестови“, изјави поранешниот портпарол на Министерството за образование“, Ванг Ксуминг.
Образовниот систем на Кина е жестоко конкурентен - милион ученици се борат за неколку врвни универзитети, нешто што се гледа како златен билет за успех и богатство. Местата на факултетите се целосно базирани врз резултатите од приемниот испит на национално ниво, а притисокот за успех е огромен.
Член од персоналот во училиштето вели дека размислуваат за декорација на шипките за тие да не изгледаат како во затвор. „Со овие декорации училиштето ќе изгледа подобро“, вели тој.
Образованието во Кина е под постојани критики. „Училиштето треба да биде место кадешто учениците треба слободно да учат, наместо да бидат присилени да учат. Дали учениците би извршиле самоубиство доколку прописите во училиштето не би биле толку строги? Бесрамно е надлежните да велат дека ова го прават за нивната безбедност“, вели еден критичар.
Родителите се поделени. Некои од нив се задоволни со шипките, додека други велат дека ова е единствениот начин учениците од посиромашните средини да успеат во нешто.