Европа се подготвува за можни нови бранови на зарази со ковид-19, а истовремено земјите се ангажирани во вакцинацијата на што повеќе жители. Според податоци од Европскиот центар за спречување и контрола на болести, Малта вакцинирала најголем процент од своите жители во Европа. Податоците се однесуваат на проценти од целото население наместо само на возрасните лица.
Во Малта досега биле целосно вакцинирани 95,2 отсто од целото население. Следува Португалија со 85,7 отсто целосно вакцинирано население. На Исланд, 83,8 отсто од населението се вакцинирани, додека во Шпанија процентот изнесува 80,4 отсто.
Ирска досега вакцинирала 79,3 отсто од целото население, а Данска - 77,3 отсто. Следни се Белгија со 75,8 отсто, Норвешка со 71,8 отсто, Италија со 71,2 отсто, Финска со 70,8 отсто, Шведска со 70,2 отсто и Обединетото Кралство со 69,9 отсто.
Од земјите во регионот, Грција вакцинирала 59,2 отсто од населението, Словенија - 54,3 отсто, а Хрватска - 42,9 отсто. Во Србија се вакцинирале 41,6 отсто од жителите, во Косово - 40,4 отсто, а во Црна Гора - 39,2 отсто.
Според податоците на центарот, во нашата земја досега се вакцинирале 37,2 отсто од жителите.
Во Бугарија, процентот изнесува 21,4 отсто, а во Босна и Херцеговина се вакцинирале 20,7 отсто од жителите.
На следната мапа може да се види стапката на вакцинација во европските земји според број на вакцинирани лица на 100 жители.
Извор:
Euronews
Фото: Pixabay