X
 13.02.2021 Наука

Научници научиле свињи како да играат видеоигри

Хамлет, Омлет, Ибони и Ајвори се свињи од Јоркшир, Англија. Овој квартет е во центарот на едно истражување што тестирало дали свињите можат да играат видеоигри. Заклучокот е дека овие животни се добри во видеоигри.

Во истражувањето учествувале експертите Кендис Круни и Сара Бојсен, а трудот бил објавен неделава.

Во рамките на истражувањето, научниците прво ги научиле свињите како да користат џојстик со муцката, а потоа ги научиле како да го користат џојстикот за да играат видеоигра на екран пред нив. Свињите успеале да научат како да ја играат играта.

Секоја од свињите ги научила задачите подобро од очекуваното, а тоа покажува дека го разбираат движењето на џојстикот и неговата поврзаност со екранот, иако свињите не го совладале совршено концептот.

Свињите биле наградени со храна за доброто играње, но реагирале и на вербалното охрабрување од страна на истражувачите.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука