Научниците велат дека сончевата активност моментално е на својот врв. Станува збор за 11-годишен соларен циклус. Ова довело до фактот поларната светлина да може да се види и во блиските региони, а исто така може да предизвика проблеми во ГПС и сателитската комуникација, а според новата студија, може да доведе и до повеќе урагани на Земјата.
Новото истражување покажало дека соларната бура што ја погоди Земјата пред околу една недела, а можеби повторно и за две недели, може да предизвика бран од урагани.
Научниците ја набљудувале активноста на тропските циклони во последните 5.500 години. Тие заклучиле дека имало 11 временски периоди во кои имало 40 отсто повеќе бури од вообичаено. Научниците велат дека кога Сонцето е активно, предизвикува моќни блесоци на честички со енергија кои пукаат низ вселената. Кога ќе ја погодат Земјата, овие честички со себе носат сончева енергија која ги загрева океаните, што доведува до создавање урагани. И таа сончева активност е најсилна кога е сезоната на урагани во Америка, па се претпоставува дека овогодишната сезона би можела да собори рекорди.
Водечкиот автор на студијата Јанг Ванг изјавил дека улогата на сончевата активност во модулирањето на активноста на тропските циклони е сложена.
- Како што океаните се загреваат, тие имаат на располагање повеќе енергија за претворање во ветар од тропски циклони, што потенцијално создава поповолни услови за развој на посилни бури. Но, забележавме и дека сончевата енергија може да ги загрее и горните слоеви на атмосферата, што ја намалува температурната разлика помеѓу површината и горните слоеви на атмосферата. Ова не само што го ослабува вертикалното движење во тропскиот циклон во развој, туку предизвикува и поместувања во атмосферската циркулација - изјавил Ванг.
Извор: 24sata.hr
Фото: Freepik