Можеби постојано се жалите без да забележите дека го правите тоа. Не ви се допаѓа времето, луѓето со кои работите не се способни или членовите на вашето семејство не ве слушаат. Иако овие работи ги повторувате секој ден, веројатно за себе мислите дека сте оптимист и дека луѓето сакаат да се околу вас. Според ново истражување, вашите поплаки можеби покажуваат дека едноставно не знаете како да се справите со непредвидливата средина.
Ји-Рен Ванг и негови колеги од Универзитетот на Алабама во истражувањето посочуваат дека луѓето често грешат кога станува збор за предвидување на иднината, а тоа им ја нарушува благосостојбата. Според Ванг, ситуацијата се влошува и поради неспособноста на луѓето за проценување на сопствената способност за справување со криза.
Целта на истражувањето била да се провери дали предвидувањето на стресот од страна на луѓето ќе предизвика поголема негативност на крајот на денот. Во него учествувале 110 студенти.
Фото: Pixabay
Истражувачите заклучиле дека очекувањата наутро влијаат врз благосостојбата навечер, а оние луѓе што имале повеќе стрес од очекуваното во текот на денот биле понегативни и имале повеќе поплаки. Од друга страна, луѓето што подобро се справувале со стресот очекувале поголем стрес од нивото што навистина ги очекувало, а тоа им помогнало подобро да го надминат.
Истражувачите советуваат да се замисли чувство на контрола над настаните во животот, што може да помогне да се зголеми отпорноста на стресот. Тоа може да ви помогне да бидете подобро подготвени за она што го нуди денот, велат тие. Опасноста од потценување на стресот е поголема од опасноста од преценување на стресот, според нив.
Автор: Сузан Краус Витборн
Извор:
psychologytoday.com