X
 13.02.2022 Живот

Невообичаен начин на лекување на стресот во Јужна Кореја

Стресот е болест на 21 век, а го предизвикуваат различни проблеми што ги има современиот човек. Се третира со различни методи, одење кај терапевт, на одмор или во природа, а во Сеул се прави на малку поинаков начин.

Осамостојување против стресот

Некои Јужнокорејци се толку под стрес, што даваат пари само за да посетат затворени простории каде што можат да се изолираат и да не прават ништо.

Овој тренд станува сѐ попопуларен во Сеул, па кафулето „Грин лаб“ во близина на шума им овозможува на корисниците да резервираат состаноци во мирна област на овој објект. Во соба, од која се гледа бујното зеленило на шумата во Сеул, клиентите мора да ги стават своите телефони во тивок режим и да се воздржат од разговор со други луѓе.


- Тешко е да се најде место во корејското општество каде што е прифатливо да не се прави апсолутно ништо - вели еден вработен во „Грин лаб“, додавајќи дека луѓето сè повеќе пронаоѓаат интерес за овој вид ослободување од стрес, но дека ќе биде потребно време за да стане популарен.

Олеснување на стресот и во кината


Според „Вашингтон пост“, уште едно место во Сеул каде што можете да побегнете од луѓето и да ја исчистите главата од сите мисли е киното, каде што има посебни капацитети за оние што сакаат мирно, нестимулирачко искуство.


Киното „Мегабук“ во Сеул овој месец продаде билети за 6 долари за филм кој е симулација на 40-минутно возење со авион. Филмот, кој се рекламира под слоганот „Одмори малку низ меки облаци“, е продолжение на филмот „Фајр манг“, кој е само видео од половина час пукање на огнот.

Јужна Кореја е позната по својот брз начин на живот, каде што суровата реалност на растечките долгови и недостапните домови го зема својот данок, особено меѓу милениумците во Сеул.

- „Кореја хералд“ неодамна ги објави резултатите од истражувањето на 1.016 Јужнокорејци кое покажа дека 70 отсто од нив признале дека се под стрес. Во истото истражување 46,5 отсто од испитаниците во своите дваесетти години рекле дека се чувствуваат депресивно.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот