Депресијата е ментална состојба која се карактеризира со постојано лошо расположение. Покрај тоа, постојат бројни симптоми со кои може да се открие оваа состојба, а еден невообичаен симптом можете да се открие при јадење или готвење.
Станува збор за хипосмија или ослабено чувство за мирис. Во минатото, хипосмијата беше поврзана со Алцхајмерова болест и други форми на деменција. Истражувачите од институтот „Џонс Хопкинс Медисин“ откриле дека ослабеното сетило за мирис може да биде знак на депресија кај постарите лица. Исто така, тие откриле дека поголемото влошување на ова сетило е знак за поголема депресија.
- Мирисот е важен начин за интеракција со светот околу нас, а оваа студија покажува дека тоа може да биде предупредувачки знак за депресија - изјавил професорот по психијатрија Видја Камат.
Новото истражување ги разгледувало податоците од 2.125 луѓе на возраст меѓу 70 и 73 години во период од осум години. За време на периодот на следење, една четвртина од учесниците развиле значителни симптоми на депресија.
Понатамошната анализа открила дека оние со намалено чувство за мирис на почетокот на студијата имале поголема веројатност да развијат депресија.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Freepik