Повеќето деца на 15-годишна возраст сакаат да се дружат и да разговараат за омилената серија, но Хилари Јип е главен извршен директор на компанија. Таа ја основала својата компанија на 10-годишна возраст, а денес, на 15-годишна возраст, е најмладиот главен извршен директор во светот.
Таа е горд основач и сопственик на „Мајнор минас“ (MinorMynas), која има апликација за учење странски јазици.
- Разбирам зошто луѓето понекогаш се однесуваат со мене како со дете. Имам 15 години, но претпочитам со мене да се однесуваат како со возрасен бидејќи сум имала искуства. Сè уште учам, но тоа не значи дека треба да ме сметаат за незрела - вели Хилари.
„Мајнор минас“ е платформа за учење на која децата може да учат различни јазици, да разговараат и да создаваат пријателства. Хилари пораснала во Хонгконг, а ја добила идејата за апликацијата за време на летен камп во Тајван.
- Мојата визија со „Мајнор минас“ е да го поврзам светот преку децата, да овозможам да учиме заедно како заедница и со тоа да го направиме светот подобро место - вели Хилари.
Нејзината апликација е достапна во над 60 држави.
Извор:
International journal of research
Насловна фотографија:
Twitter