X
 14.05.2020 Образование

Сакате да станете директор? Размислете за студирање инженерство

Постојано се одржуваат дебати и дискусии за врската помеѓу видот на образованието и претприемништвото. Кога ќе ги погледнеме извршните директори денес, може да се забележи дека има такви што се откажале од студиите, а и такви што имаат докторати.

Пред одреден период се мислело дека дипломите во уметничките дисциплини се подобри за да се разберат нештата, но вистината е дека може да се биде успешен претприемач со какво било образование. Патот до станување лекар или адвокат е јасен, но чекорите не се толку јасни за оние што сакаат да бидат директори. Еден начин може да бидат студиите во областа на бизнисот. Но, тоа можеби е вториот најдобар избор.


Фото: Pixabay

Според Џим Шлексер, извршен директор, најдобрата диплома за оние што сакаат да бидат директори е секоја што е поврзана со научните, технолошките, инженерските или математичките дисциплини. Според податоци за извршните директори од најдобрите 500 компании во САД, речиси половина од нив имаат диплома од инженерска дисциплина. Овие лидери можеби немале најдобри оценки.

Но како студирањето инженерство може да помогне во водењето бизнис? Дел од одговорот може да биде во тешкотијата на студиите. Овие дисциплини бараат интелигенција и посветеност. Секако, овие студенти веројатно не ги применуваат сите информации што ги научиле на факултет во водењето бизнис. Шлексер има диплома по хемиско инженерство, но не го искористил тоа знаење во водењето бизнис.


Фото: Pixabay

Сепак, како идни инженери, студентите учат за структурна методологија за решавање на проблемите, што честопати игра клучна улога во водењето успешен бизнис. Половина од битката е завршена кога ќе ја разберете суштината на проблемот. Згора на тоа, систематското размислување за создавање процеси може да направи разлика во водењето бизнис.

Според едно истражување, вработените лица што имаат инженерски дипломи, без разлика дали тоа се од престижни или непрестижни универзитети, имаат поголеми плати. Затоа, трошењето многу пари на образование не мора да биде равенка за успех. Наместо тоа, треба да се земат предвид поволностите на учењето на дисциплината и размислувањето кое се вежба на инженерските факултети.

Автор: Џим Шлексер
Извор: inc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование