X
 13.02.2023 Живот

„Радио Бубамара“ е најслушано радио во Македонија

Денеска е Светски ден на радиото. Првото радио во Македонија е формирано во 1944 година, а за тоа се одлучило на Првото заседание на АСНОМ.

Денес, титулата најслушано радио во Македонија ја носи „Радио Бубамара“, кое се емитува на фреквенцијата 105,2 ФМ.

Дека „Радио Бубамара“ е најслушаното регионално радио во Македонија за 2022 година, потврди и годишниот извештај објавен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Ранко Петровиќ, сопственик на радиото, сподели дека веќе ја навршуваат третата деценија од постоењето на нивното радио, кое е секојдневен извор на информации и забава во етерот.



- Годинава ќе прославиме 29 години од нашето дружење со голем број слушатели од сите генерации. „Бубамара“ е симбол на среќа и секогаш е добредојдена на гости во секој дом автомобил и канцеларија, со најубава музика која се емитува на 105,2. Драго ни е што во изминативе децении сме дел од убавите моменти на нашите радиопријатели. Резултатите за огромната популарност на радио „Бубамара“ се дополнителна радост за целиот тим на радиото - да продолжиме да бидеме добриот дух на главниот град - изјави Ранко Петровиќ.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот