X
 30.08.2023 Живот

Го намалувате радиото кога паркирате или возите во опасни услови? Не сте сами

Ова им се случува на многумина од нас, кога паркираме, кога бараме локација или при невреме - често го исклучуваме или го намалуваме звукот од радиото во автомобилот. Ако мислите дека тоа е само ваша навика, верувајте дека не е. Тоа е нормална реакција на мозокот.

Во текот на денот собирате информации за вашата околина преку сетилата. Мозокот, кој е дел од централниот нервен систем, ги комбинира сите овие информации и одлучува што да прави со нив. Мозокот постојано проценува која треба да биде неговата примарна задача, главната задача на која се фокусира, и секундарната задача, односно задачата на која помалку се фокусира.

Нашиот мозок може брзо да се префрла од задача на задача, па мислиме дека извршуваме повеќе задачи истовремено, а всушност не.

Накратко, една задача не е проблем за мозокот, а понекогаш ни две задачи. Но, со повеќе од две задачи мозокот почнува да работи помалку ефикасно и е посклон кон грешки. Кога сме изгубени или мораме да правиме нешто што не го правиме често, како паркирање, нашиот мозок се ограничува само на таа задача. Тогаш веќе не ги слушаме разговорите на патниците, ни се стеснува видното поле и целото внимание го насочуваме кон паркирањето.

Поради ова, возачите често го намалуваат радиото кога паркираат, кога возат во преполни урбани области, кога бараат одредена адреса или возат во опасни услови, како и при невреме. Овие активности бараат зголемена концентрација. Со исклучувањето на радиото му помагаме на мозокот да се фокусира на најважната задача и да се ослободи од помалите задачи.

Извор: Chill
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот