X
 20.04.2022 Забава

Денот кога на Би-би-си немало вести

Дали можете да замислите еден ден во кој нема да има никакви вести?

Пред точно 92 години, на 18 април 1930 година, радиото Би-би-си објавило дека тој ден нема никакви вести. Радиото накратко емитувало издание на вечерните вести во кое било прочитано „Нема вести“, а потоа била пуштена музика.


Фото: Pixabay

Во остатокот од денот радиото пуштало поетски читања, временска прогноза, музика и културни и религиозни програми. Според репортерите, тој ден немало вести што биле вредни за споделување.

Секако, тоа биле други времиња и денес е тешко да се замисли еден ден без вести.

Извор: Amusing planet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава