Коронавирусот владее со нашите животи речиси една година, но благодарение на многубројните истражувања и студии, светот денес го познава вирусот многу подобро отколку во првите денови на пандемијата.
Истражувањата продолжуваат да ги откриваат фактите за вирусот, вклучувајќи и ново истражување што го претставува најчестиот можен симптом: мијалгија, односно болка во мускулите.
Напредокот во разбирањето на симптомите поврзани со Ковид-19 може да помогне да ѝ се стави крај на оваа пандемија. Неодамнешно истражување објавено во списанието „Бритиш медикал журнал“ се обиде да ги карактеризира симптомите на
Ковид-19 меѓу населението на Исланд.
Истражувањето се состоело од сите поединци што имале позитивен тест на коронавирусот помеѓу 17 март и 30 април 2020 година. Меѓу 1.564 лица позитивни на САРС-КоВ-2, најчестиот симптом бил мијалгија.
Мијалгијата обично се опишува како болка во мускулите, односно лигаментите, тетивите, меките ткива што ги поврзуваат мускулите, коските и органите. Мијалгијата (55 отсто) била проследена со главоболка (51 отсто) и сува кашлица (49 отсто). Температурата и отежнатото дишење биле поретки отколку што претходно било пријавено.
Извор:
B92.net |
Express.co.uk
Фото: Freepik