X
 13.03.2017 Живот

Родителски грешки кои всадуваат лоши навики во исхраната на децата

Родителите и несвесно можат да им всадат на децата лоши навики во однос на исхраната. Строгите правила можат да доведат до нарушување на врската со сопственото тело, занемарување на чувството за глад и радоста за нејзиното внесување. Ова се неколу совети за да не дојде до креирање на лоши навики на децата:

1. Не терајте го детето да изеде сè


Кога му останува малку храна во чинијата, не го терајте да дојаде. Не треба да одлучувате вие колку детето треба да изеде. Ако тоа вели дека не е огладнето, не го терајте секако да јаде. Научете го да го следи чувтвото за глад и адекватно да реагира на него.

2. Оброкот не е награда


Сладолед за добиената петка, чипс за сработената домашна задача, чоколада за одењето на заболекар. Ова кај вашето дете може да предизвика мисла дека она што се јаде како домашна храна е невкусно. А многу е можно и да го науи на прејадување.

3. Храната не е непријател

Набројувањето на сите лоши намирници -  брза храна, луто и пржено, компир, леб, макарони, бисквити, ќе го нартера детето да чувствува вина бидејќи му се јаде нешто така вкусно, а нездраво. Неговиот однос кон, на пример, чоколадата, ќе биде полн со сомнеж и двоумење.

4. Немојте да дозволите храната да биде најголема радост и забава

Ако не оди во кино, не слуша музика, не доаѓаат гости, не оди кај своите пријатели, детето почнува да ги црпи позитивните емоции од она што му е достапно – колачи и грицки.

Ако на детето му е досадно цел ден, ручекот и десертот може да станат најинтересната активност во денот, а одењето во ресторан празник. Радувајте се повеќе и учете го детето да се радува бидејќи желбата за позитивните емоции е природна за човекот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот