X
 18.10.2022 Здравје

Оваа храна е идеална за здравјето на мозокот - ја подобрува меморијата

Природно и нормално е мозокот да се менува со возраста, па како што старееме, можеме да видиме промени кои влијаат врз размислувањето, планирањето и вештините за решавање проблеми, како и меморијата и способноста за разбирање сложени концепти. И додека малите когнитивни промени генерално се сметаат за нормални, некои луѓе доживуваат посериозни тешкотии.

Без оглед на тоа дали мозокот страда од благи или значителни тешкотии, исхраната може да игра голема улога во забавувањето на ефектите што стареењето може да ги има врз мозокот.

Д-р Киран Ф. Рајнеш, невролог од Универзитетот во Охајо, споделува кои четири намирници често им ги препорачува на своите пациенти за да го одржат нивниот мозок здрав што е можно подолго.

Риба


Извештајот од 2020 година, објавен во списанието „Фронтирс ин ејџинг неуросајнес“, покажа дека јадењето риба може да ја подобри меморијата кај здравите индивидуи. Затоа, ако сте љубител на морска храна и сакате да се фокусирате на зајакнување на здравјето на вашиот мозок, вклучете повеќе риба во вашата исхрана, особено мрсна риба.

- Две порции риба неделно се одлични за здравјето на мозокот бидејќи омега-3 масните киселини се корисни за обновување на миелинот - вели докторот.

kurkuma
Фото: Freepik

Јаткасти плодови

За оние што уживаат да јадат јаткасти плодови, има добри вести. Студијата спроведена од компанијата „Адвансес ин нутришн“ покажа дека студентите на возраст од 18 до 25 години кои консумираат 60 грама ореви дневно имаат подобри когнитивни перформанси и критичко размислување од оние што не јадат ореви.

- Ако можете да толерирате јаткасти плодови, јадете ги. Тие помагаат да се поправат оштетувањата на мозокот со враќање на масните киселини, како и витаминот Е - вели д-р Рајнеш.

Бобинки

Секојдневното консумирање свежо овошје и зеленчук е нешто што д-р Рајнеш им го препорачува на своите пациенти, бидејќи таквата храна содржи витамин Ц, како и антиоксиданси корисни за обновување на мозочното ткиво и клеточните мембрани. Бобинките се особено здрави, содржат микронутриенти, микроелементи и високо ниво на антиоксиданси кои се корисни за поправка и обновување на функцијата на мозокот.

Куркума

Кога сакате да додадете поинаков вкус на вашата вечера, додајте малку куркума во јадењето. Познато е дека активната состојка на куркумата - куркуминот е познат како средство против стареењето и помага во одржување на меморијата.

Извор: Eatthis.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје