12 лица загинаа и 48 беа повредени откако камион се втурна во толпа на Берлинскиот Божиќен панаѓур во понеделникот вечерта, за што се сомнева дека е терористички напад.
Пакистанец беше уапсен како осомничен за поврзаност со инцидентот, но потоа пуштен на слобода. Во весникот „Die Welt“ цитирана била берлинската полиција :
„Го имаме погрешниот човек, а со тоа и нова ситуација – тоа значи дека вистинскиот напаѓач е на слобода и може да нанесе уште штети.“
Иако природата на нападот не е позната, сепак темата тероризам повторно е во прв план на глобално ниво. Од „
The Global Terrorism Index“ неодамна го објавиле годишниот извештај, обрнувајќи внимание на преваленцијата на тероризам на глобално ниво.
Резултатите покажуваат дека петте земји со најголемо влијание од тероризам се : Ирак, Авганистан, Нигерија, Пакистан и Сирија. Смртните случаи во овие земји кои се поврзани со тероризам се околу 72 проценти. Дополнително, четири терористички организации придонеле за 74 проценти од смртните случаи поврзани со тероризам : Талибан, која дејствува најмногу во Авганистан, Боко Харам во Хигерија, ал Каеда и ИСИС.
Од „
Statista“ креирале мапа врз основа на овие податоци :
Земјите кои потпаѓаат по најголемо влијание на тероризмот се Сирија, Ирак, Јемен, Нигерија, Пакистан и Авганистан. По нив следуваат Либија и Египет.
И покрај неодамнешните зачестени напади, европските земји сепак бележат низок степен на влијание од тероризам според овој индекс.